My Writings. My Thoughts.

Заминувам!

// август 28th, 2011 // 7 Comments » // лично, поезија, љубов

Имав прстен кои ги менува боите.
виолетово за љубов,
плаво за среќа,
зелено за немир,
црвено за лутина.
црно…па црно за ништо…
Црно покажува веќе некое време…
Дали ми се изгубиле чувствата
или само го збудалев и магичниот прстен?
Искрено, не знам…

Сакав да се растреперам,
насмеам па дури и расплачам,
да ѕирнам малку во иднината…
Што ли ќе ми донесе?
Нешто што вреди за некое мое макар и [...]

мое

// април 25th, 2011 // 8 Comments » // лично, поезија, љубов

Како клуч во погрешна брава
како стапала во 3 броја помали чевли
како полжав без куќичка
како рамка без слика
тесно ми е
тажно ми е
празно ми е
. . .
дали ликот кој го сонувам
е ликот кој што  навистина го посакувам
и дали желбата некогаш го надминува разумот
па посакувам се што не можам да добијам
па посакувам се што и онака не ми [...]

Kalbimde deprem (Земјотрес во срцето)

// март 16th, 2011 // 13 Comments » // лично, поезија, љубов

Не дозволувам животот да ми помине како обичен “романтичен” филм со вообичаено времетраење од час и половина до два часа…
Не, подобро е да е петминутен цртан филм или тежок роман од 3 тома…

Додека деноноќно трчкаш низ мисливе јас внимателно се подготвувам, помина цела вечност чинам како не сум ги облекла црвените потпeтици, ја чекаа пролетта, [...]

Предоцна за почеток, прерано за крај…

// март 8th, 2011 // 10 Comments » // лично, поезија, љубов

Мислев  те познавам,
како што се знае тагата,
како што се чува споменот,
како што се раѓа љубовта,
како што умира надежта…
.
.
Мислев…. ах, зошто?
Дека тагата создава среќа,
дека споменот создава албуми,
дека љубовта создава спокој,
дека надежта умира заедно со мене…
.
.
Сега знам, не те познавав…
Тагата не создаде среќа,
туку бескрајна апатија.
Споменот не создаде ниту една фотографија
туку невистинита илузија.
Љубовта не создаде спокој,
туку бесконечни молитви.
Надежта [...]

Доволно е!

// февруари 2nd, 2011 // 18 Comments » // лично, љубов

Утрото беше прекрасно.
И вечерта пред тоа.
И денот пред вечерта.
И претходната година исто така.
И годината пред ланската…
И сите тие изминати години
просто беа прекрасни.
Сега од овој агол,
од денешен ден,
знам дека имаше
и лоши моменти
кои завршуваа среќно.
Имаше и солзи,
кои завршуваа со насмевки.
Имаше и гребаници
кои завршуваа со бакнежи.
.
.
.
.
Те сакав
како никого дотогаш.
Силно.
Непоколебливо.
Бескрајно.
Целосно.
.
.
.
.
Ми ја пружи вербата во љубовта.
Ми ги даде сите неба.
На [...]

View Archives

My videos. Featured videos.

СЕ ШТО САКАВ ДА КАЖАМ